HomeДЕНЕШНАПолитикаМухиќ изјави дека Заев го поканил да биде дел од пратеничката листа

Мухиќ изјави дека Заев го поканил да биде дел од пратеничката листа

timthumbphp

На прашањето дали го променил ставот за абортусот, професорот вели дека уште смета дека абортусот е убиство на деца.
Да бидам кандидат за пратеник ме покани лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Јас само побарав да останам независен, на што тој се согласи и, ете, се најдов на листата“, вели за Мета професорот Ферид Мухиќ.

За реакциите по социјалните мрежи и во медиумите откако тој се појави на пратеничката листа на СДСМ, тој вели дека реакциите се како зачин на позитивните коментари кои ги добива постојано.

Постојано добивам пораки со поддршка од Скопје, Тетово, Битола, Дебар, Охрид… Слушнав дека има реакции за мојата кандидатура, но јас никому не му го доведов во прашање интегритетот, така што ни тие не можат да го нарушат мојот интегритет – вели Мухиќ. На прашањето дали го променил ставот дека абортусот е убиство, вели дека сè уште го мисли тоа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com