HomeРЕФЛЕКТОРФилмMTV награди за „Star Wars“ и Леонардо Ди Каприо

MTV награди за „Star Wars“ и Леонардо Ди Каприо

Последното продлжение од популарната франшиза „Star wars: The force awakens“ е прогласен за најдобар филм и ја освои овогодинешата награда на американскиот ТВ канал MTV (MTV Movie Awards). Ова беше објавено на овогодинешната церемонија за доделување на наградите која се одржа во саботата во градот Бурбенк, Калифорнија. За најдобар актер пак, е прогласен Леонардо ди Каприо со филмот „The Revenant“

Според правилата номинациите за филмови и актери се прават од претставници на ТВ каналот, но победниците се определуваат со гласање на сајтот на MTV. Дваесет и петтата церемонија по ред за доделување на наградите ќе биде прикажана вечерва. Телевизијата MTV, која започна да се емитува во август 1981 година, претставува еден од водечките музички канали во светот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com