Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМТСП: Ќе ги згрижиме семејствата зафатени од поплавите по напуштање на студентските домови

МТСП: Ќе ги згрижиме семејствата зафатени од поплавите по напуштање на студентските домови

Најзагрозените семејства од поплавите што се случија минатиот август ќе бидат згрижени од страна на Министерството за труд и социјална политика, по напуштањето на студентскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ каде што беа сместени откако поплавите ги уништија нивните домови.

„Министерството во изминатиот период постапуваше според одлука на Владата со истекот на рокот на 31 март, сега можемe да постапуваме единствено според Законот за социјална заштита“, велат од министерството.

Потенцираат дека лицата на кои им треба социјална заштита треба да поднесат писмено барање до надлежниот центар за социјлана работа по кое службите ќе постапуваат соодветно.

За лицата кои немаат каде да се сместат односно за најзагрозените, Министерството во рамките на своите надлежности ќе се обиде да најде сместување.

Според Министерството, има три такви семејства.