Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМТСП до Митревски: Решението на Ибраими е ништовно

МТСП до Митревски: Решението на Ибраими е ништовно

Министерството за труд и социјална политика, како реакција на изјавата на Живко Митрески, вели дека повторно биле изнесени невистини и неаргументирани изјави.

„Со никакви наводи во Решението за огласување на ништовност бр.08-8191/134 од 4.08.2017 година Министерството за труд и социјална политика не се меша во слободата на синдикално организирање и слобода на избор, туку постапува според позитивните законски прописи на Република Македонија имајќи ги предид и меѓународните конвенции. И овојпат нагласуваме дека Министерството за труд и социјална политика по службена должност оцени дека решението на претходниот министер Ибрахим Ибраими е ништовно, согласно Законот за општа управна постапка. Детално правно образложение во врска со ова прашање беше доставено до медиумите во рамки на вчерашната реакција“, се наведува во соопштението.

МТСП вели дека ги отфрла неоснованите обвинувања дека министерката Царовска вршела притисок врз Централниот регистар и другите државни органи и апелира до сите надлежни институции да постапуваат согласно законските прописи.