Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМртво тело пронајдено во базен во Старо Нагоричане

Мртво тело пронајдено во базен во Старо Нагоричане

Тело на 39-годишен жител на Куманово е пронајдено вчера во базенот на бањата Стрновац – Општина Старо Нагоричане, соопшти полицијата. Телото на непознатото машко лице се наоѓало на скалите за влез во базенот, свртено со лице во водата. При првичниот преглед, лекарот утврдил дека на телото не се забележуваат видливи траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на ЈО телото, кое се уште не е идентификувано (а и нема пријава за исчезнато лице), е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.