Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМртви тела насекаде, панични сведоштва од нападите во Ница

Мртви тела насекаде, панични сведоштва од нападите во Ница

Напаѓачи со камион прегазија десетици граѓани во Ница кои биле собрани да го проследат огнометот по повод националниот ден на Франција оставајќи според досегашните извештаи 60 мртви.

nica policija

Сведоштвата на присутните се навистина шокантни и вознемирувачки, „Мртви тела насекаде“, „Вистински хорор“, се само дел од нивните изјави. „Ова беше намерен напад, откако прегазија се на нивниот пат излегоа и почнаа да пукаат, имаше најмалку 50 истрели“ вели сопственик на ресторан во близина.

Други пак, велат дека од камионот по газењето на граѓаните излегле двајца кои пукале со оружје, но брзо стигнала полицијата која влегла во вооружена престрелка и напаѓачите се убиени и нетрализирани на лице места.

nica tela

Француските власти не брзаат да го окарактеризираат нападот, но првичните знаци укажуваат на терористички или џихадистички напад.