Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМртви тела на маж и жена пронајдени во мотел во Битола

Мртви тела на маж и жена пронајдени во мотел во Битола

Во Битола пронајдени се безживотни тела на маж и жена. Во мотелот на вработените им станала сомнителна состојбата по неколку дена откако ја земале собата и не излегле. Станува збор за Ѓ.И. (27) од Битола и 33-годишниот К.И., исто така, од Битола. Mажот и девојката изнајмиле соба во хотелот на 24 октомври. Причината за смртта не е откриена, а повеќе детали за можното насилно дејство ќе открие полицијата по истрагата.