Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМРТВ со висок буџет до независна и неполитизирана работа

МРТВ со висок буџет до независна и неполитизирана работа

Здружението на новинари и Македонската асоцијација на новинари започнаа дебата со надлежните институции за начинот на кој ќе работи јавниот сервис. Нивен предлог е МРТВ да се финансира со гарантирани средства во износ 1 процент од буџетот на државата или приближно 30 милиони евра годишно, што ќе помогне во стабилизација на платите на вработените, но и на техничката опременост и оператива.

mrtv debata

Ова е еден од ретките случаи во кои ЗНМ и МАН имаат заеднички ставови и позиции и зајакнувањето на јавниот сервис е во сечиј интерес, не само за новинарската фела, но и за јавноста која заслужува непристрасно и професионално информирање, бидејќи парите ги плаќаат сите граѓани.

Меѓутоа не е се во парите и тоа кој ги дава, бидејќи перцепцијата е дека финансирањето доаѓа директно од државните инстуции, што секако е погрешно, но реалноста е дека таму лежат центрите на моќ кои може да влијаат врз новинарството, како и во било кој медиум. Затоа потребно е да се создадат стандарди во кои ќе учествуваат и новинарските здруженија и самите вработени во МРТВ за обезбедување на професионално, неполитизирано и непартиско информирање.