Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМРТВ ќе известува за изборниот процес по правилник на Би Би Си

МРТВ ќе известува за изборниот процес по правилник на Би Би Си

Денеска во „Александар Палас“ беше промовирана публикацијата „Етички и професионални принципи на МРТ за медиумско покривање на изборни процеси“, чија цел е да се обезбеди рамка во која новинарите ќе можат слободно и непречено да работат. Исто така со тоа ќе овозможи на публиката да и понудат непристрасно и независно информирање за изборниот процес, преку фер известување и аналитички осврт за кандидатите и за партиските кампањи и програми.

Британскиот амбасадор ја поздрави одлуката на МРТВ да работи според правилникот кој го подготвија тимот на Би Би Си од Лондон, британската амбасада во Скопје и МРТВ, како и Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите. Се очекува овој документ да биде придонес плус во справување со предизвиците кои ги наметна изборниот законик.

Прирачникот е едноставен и поделен во три поглавја: Принципи за покривање на изборни процеси, Општествена одговорност и личен интегритет на новинарите и Придонес од публиката и од учесниците во изборите.