HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМртов маж пронајден во двор од семејна куќа, еден осомничен за убиство

Мртов маж пронајден во двор од семејна куќа, еден осомничен за убиство

Во полициската станица во Крушево, вчера било пријавено дека во селото Алданци има починато лице. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека пред семејната куќа во селото Алданци, во двор има машко лице со повреди на главата и без знаци на живот, информира попицијата.

Од страна на медицинска екипа од Здраствен дом Крушево констатирана е смрт на М.П.(52). За настанот известен е Јавен обвинител од ОЈО-Прилеп кој изврши увид на местото на настанот со увидна екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крушево.

Во врска со настанот во полициска станица приведено е едно лице и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com