Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиМРТ со 450 евра плата ќе го бара наследникот на Петрески

МРТ со 450 евра плата ќе го бара наследникот на Петрески

По заминувањето на Горан Петрески од функцијата, сега Македонската радио телевизија неговиот наследник ќе го бара од оние што ќе се пријават на интерниот оглас кој таа го распиша. Надежта на одговорните во МРТ лежи во ветената плата од 450 евра, односно 27.804 денари. За некого малку, за друг многу, а за трети тамам. Како и да е, оној кој ќе одлучи да конкурира за местото кое досега го „грееше“ Петрески, пред себе ќе има навистина тешка задача – да го „обели“ образот на јавниот сервис.

Како главни услови за ова работно место се посочуваат: високо образование, пет години работно искуство во новинарството, активно служење со еден светски јазик, самостојно работење со компјутерски програми потребни за извршување на задачите на тоа работно место и аудио-визуелни способности.

Горан Петрески со заминувањето во ВЕСТ го ослободи ова (не)посакувано место, а во медиумите се тврдеше дека неговата плата била далеку поголема во додатоците отколку во основицата.

Македонскиот јавен сервис е тема и на дебата помеѓу политичките преговарачи, најнов во низата на предлози е оној со кој се  предвидува МРТ да има двајца уредници, еден по предлог на СДСМ и еден од ВМРО ДПМНЕ.

Чиј уредник ќе ја зема високата уредничка плата предвидена со огласот, останува да видиме….


Н.С