Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаМрачните тајни на успехот на женскиот состав Пусикет Долс

Мрачните тајни на успехот на женскиот состав Пусикет Долс

Пусикет Долс е една од најуспешните женски групи во музичката историја. Жареа и палеа со нивните хитови и изгледот.

Бендот се состоеше од убави девојки предводени од фаталната Никол Шерцингер, но само по распадот на групата, во медиумите допреа голем број на скандалозни тајни кои се скриени зад заводливите кореографии, провокативните видеа и заразните хитови.

Душата за новинарите неодамна ја отвори Кимберли Вајат.

 

Kimberly-Wyatt-Beautiful-Movements-LEAD

“Цело време внимавав на мојата тежина. Постојано не мереа и стриктно се следеа нашите навики, како не би се здебелиле и качиле некој килограм повеќе. Бевме под огромен притисок. Тој период не се сеќавам толку од успехот кој го постигнавме колку што се сеќавам на целата тортура што ја имаше над нас да изгледаме како анорексични вонземјанки“, беше искрена Кимберли во интервјуто за “Mirror“.