Monday, May 29, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаМПЦ и СПЦ на преговарачка маса во септември

МПЦ и СПЦ на преговарачка маса во септември

Идниот месец, Македонската православна црква повторно ќе седне на маса со СПЦ, за надминување на црковниот спор, објави Телеграф. Двете цркви ги прават последните консултации пред продолжувањето на преговорите, по пауза од дури 12 години. Се уште не е избран точниот датум, ниту пак местото каде ќе се одржи состанокот.

– Преговорите ќе почнат во септември. Познат е и составот на комисијата која ќе ја застапува МПЦ. Засега не можам да откријам каква ќе биде позицијата на нашата црква – изјавил за Телеграф, митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј.
spcЕден од проблемите за продолжување на преговорите беше и затворската казна на расчинетиот Јован Вранишковски. Сосема е извесно дека СПЦ ќе се обиде да го активира Нишкиот договор од 2004 година, според кој МПЦ е наведена како „Православна црква во Република Македонија“ и ѝ се предвидува широка автономија во рамките на СПЦ, но не и статус на автокефалност. Ова за МПЦ е неприфатливо.