Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМПС се огради од Митревски кој треба да ја напушти фотелјата во ССМ

МПС се огради од Митревски кој треба да ја напушти фотелјата во ССМ

Во холот на зградата на ССМ доста раздвижено деновиве. Откако министерката за труд и социјална политика Мила Царовска прогласи ништовност на решението на Ибрахими, разрешеното раководство на ССМ на чело со Живо Митревски секој ден одржува прес конференции на кои се обидува, преку пласирање лажни информации да си ја спаси фотелјата. По двата директни напади кон министерката, денеска раководството на ССМ информираше дека има поддршка од 13 грански синдикати. Еден од најголемите меѓу нив, Макдонскиот полициски синдикат веднаш се огради од таквите тврдења. Со оглед дека Митревски исфрли 4 синдикати со огромно членство, станува сосема јасно дека тој нема поддршка од членството.

„Органите на Македонскиот полициски синдикат никогаш не одлучувале за состојбите во рамките на ССМ и немаат официјално изграден став за ова прашање, бидејќи до МПС и до неговото раководство досега од никого не се доставени правосилни документи од наслежни државни органи за состојбите во ССМ. Органите на Македонскиот полициски синдикат одлуката за својот став можат да ја донесат единствено врз основа на правсилни документи од надлежни државни органи. Согласно наведеното Македонскиот полициски синдикат се оградува од ставовите изнесени на денешната прес конференција на г-дин Методија Димески“ – се вели во соопштението од МПС.

Ова е уште една „шлаканица“ за претседателот во заминување Живко Митревски. Сега, на јавноста и стана кристално јасно дека Митревски ниту ја имал ниту ја има поддршката на гранските синдикати. Се очекува легитимниот претседател Дарко Димовски, во текот на неделава да го добие решението од Централниот регистар, со што конечно Митревски ќе мора да ја напушти синдикалната фотелја.