Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМПЦ со најскандалозната одлука досега – крајно понижување

МПЦ со најскандалозната одлука досега – крајно понижување

МПЦ ги помина сите граници. Архиепископот Стефан ставил потпис на најскандалозната одлука донесена од Синодот на МПЦ во нејзината историја, со која бара препогребување, превенчавање и прекрстување на сите Македонци од Австралија кои не се дел од црквите кои не се под јурисдикција на Владиката Петар.

Скандалозното писмо било испратено пред два дена, како синодски став како да се надмине проблемот во Австралија. За да биде скандалот поголем, Синодот на МПЦ им дава рок од една година, заклучно со 30 септември 2016 година на сите чии роднини починале да извршат нивно препогребување, на оние кои се венчале да ги повторат црковните церемонии, а оние кои еднаш се крстени, да бидат прекрстени од свештеници кои ќе ги избере синодот.
mpc4Уште поголема иронија за оваа одлука е што Синодот на МПЦ им дава можност овие црковни ритуали бесплатно да ги извршат во предвидениот рок, а во спротивно ќе им ги тарифира по ценовниците на црквата. Можеби најскандалозно во оваа синодска одлука, потпишана лично од архиепископот е крајно понижувачкиот третман кон Македонците во Австралија. Тие во писмото се именуваат како таканаречени верници.

Ако т.н. верници кои се крстени, венчани или погребани од погореспоменатите расчинети свештеници и ѓакони, истите треба повторно да им бидат извршени од легитимни свештеници кои се поставени од надлежни Архиереј. Ако во рок од 12 месеци им се извршат светите тајни и обреди, истите ќе бидат извршени бесплатно. А по истекот на рокот ќе се извршуваат со уредно плаќање, стои во скандалозната одлука на Синодот на МПЦ, потпишана од поглаварот.
mpcПисмото има голема доза на уцена и закна, бидејќи МПЦ оди дотаму што најавува исклучување од црквата на оние кои нема да послушаат и забрана за причест. Иако, многумина очекуваа конечно решение на проблемите во Австралија откако пред две години Синодот и црковните општини постигнаа согласност, сепак оваа одлука на Синодот се поизвесно е дека ќе предизвика траен раскол меѓу македонската дијаспора во Австралија.

извор:Република