Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМожностите на програмата Македонија вработува во Стар Дојран

Можностите на програмата Македонија вработува во Стар Дојран

Жителите на Стар Дојран ќе може да се запознаат со можностите за вработување и за сите бенефити кои ги нуди Агенцијата за вработување преку проектот „Македонија вработува“ спроведуван од повеќе државни институции. Промоцијата на проектот се одржа во повеќе градови, а денес се сели во Дојран и ќе презентацијата ќе трае од 11 до 15 часот.

Целта на проектот е подобрување на вработиливоста на голем број невработени лица во државата. Со него ќе може да се вработат оние коишто се до 35 години старост, а се само три месеци невработени. За нивно вработување фирмите ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси три години, со обврска една година да ги задржат на работа.

За граѓани од 35 до 50 години предвидено е пет години ослободување од плаќање придонеси со обврска работодавачот да ги задржи плус една година на работа.

За оние над 50 години има пет години ослободување од плаќање придонеси, а за највозрасните над 58 години ослободување од плаќање на придонеси се до нивното пензионирање, како и петгодишно ослободување на плаќање придонеси за вработените приматели на социјална парична помош, самохраните родители и родителите на деца со пречки во развојот, лицата со инвалидност, професионалните војници кои се без работа.