Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМожен ли е компромис на нова лидерска средба?

Можен ли е компромис на нова лидерска средба?

Се погласни се предлозите од страна на ВМРО-ДПМНЕ да се одржи лидерска средба на која би се разговарало за последните случувања во Македонија со зачестени провокации од албанските политичари како и дејства кои се во спротивност на Уставот. Ова лично го потенцираше и пратеникот Крсто Мукоски на собраниската седница.

„Освен седнување на заедничка маса и отварање на сите нерешен прашања кои задираат во уставниот поредок на земјава, не може да пројдат освен со заеднички дијалог и наоѓање на компромис“ – рече Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите барања засега се неприфатливи за СДСМ бидејќи според нив нема потреба од лидерска средба на која би се разговарало за нови избори бидејќи нив не може повеќе да ги организира оваа власт која е во заминување, туку да се одблокираат институциите, да се избере собраниски спикер и да се изгласа реформска влада.

„За што би разговарале ние на таква средба и со кого? Ние имавме такви средби и на тие беше постигнат договорот од Пржино, крајната цел беа одржување на парламентарните избори“ – потенцираше Петре Шилегов од СДСМ.

Идејата за лидерска средба како пробен балон беше пуштена и од страна на Ахмети кој по состанокот со дипломатот Карл Билд истакна дека кризата зависи единствено од македонските партии кои може да се договорат меѓу себе.

Засега нема јасни индиции дали при посетите на странските дипломати неофицијално се лобирало да се одржат нови лидерски средби меѓу Груевски и Заев, како и за тоа што би донеле истите, компромис до нови избори или отстапки за формирање нова влада предводена од можеби широка коалиција.

Извор: faktor.mk