HomeДЕНЕШНАЕкономијаМоже ли купечкиот ајвар да биде вкусен како домашниот?

Може ли купечкиот ајвар да биде вкусен како домашниот?

fb-03

Есенските викенд прошетки веќе не се она што беа порано. Недостасува еден ситен, но многу значаен детал. Недостасува мирисот на печени пиперки кој го обземаше нашето сетило за мирис и предизвикуваше блажена насмевка, најчесто проследена со реченицата: „Ммм, некој од комшииве прави ајвар.“ Непишано правило во секое домаќинство беше дека еден од викендите во септември или првата половина на октомври е резервиран за подготовка на „кралот на зимниците“. Денот кога во една куќа се правеше ајвар беше празник. Едноставно, тоа беше најлесен начин да се собере на куп целото семејство, бидејќи сите сакаа да учествуваат во подготовката на домашниот ајвар. Да се направи вкусен ајвар, кој предизвикува и мами, и пред сè ајвар на кој ќе завидуваат соседите, беше вистински предизвик. Се разбира, врвот на задоволството беше макањето врел ајвар од шерпата во која се пржел неколку часа.

Но, работите се променија во последните неколку години. Делумно заради законските забрани за приготвување ајвар на отворено, делумно заради модерниот и динамичен начин на живеење. Подготвувањето домашен ајвар повеќе не е правило туку исклуок. Сепак, тоа не значи и дека е намалено нивото на конзумација на „црвеното богатство“. Ајварот и натаму го одржува приматот на врвен деликатес во есенските и зимските месеци. Едноставно не постои човек кој не јаде ајвар. Некои го практикуваат како дел од обилниот појадок со тазе лепче, сирење и јогурт. Други како додаток на ручекот. А, трети како лесен оброк за вечера, пред спиење. Тоа го прави еден од најуниверзалните и најобожувани специјалитет. Токму заради ова, во секое домаќинство, во секој момент мора да има залиха од барем 2-3 тегли ајвар.

Тоа го отвора прашањето каков ајвар да се купи. Рафтовите во маркетите, особено во овој период од годината, се преполни со ајвар од најразлични брендови и производители. Тоа им отвора многу дилеми на потрошувачите, чија главна цел е да добијат вкусен и квалитетен производ по прифатлива цена. Многумина се распрашуваат по соседи и пријатели или пак купуваат по една тегла од повеќе производители за да го одберат оној кој ќе го придобие нивниот вкус. Во ерата на интернетот, една од „најжешките“ теми на онлајн форумите и социјалните медиуми се токму ајварот и останатите зимници, кои порано се подготвуваа дома. Прашањата кои најчесто се поставуват се: Од каде да се купи зимница? Од кој производител? Кој бренд на ајвар е со вкус што најмногу потсетува на домашниот ајвар?

Најголем дел од индустриските ајвари се произведуваат на поинаков начин….

Сепак, има производители кои го негуваат традиционалниот начин на приготвување ајвар. Домашниот ајвар и домашната лутеница од брендот „Hina Products“ се подготвуваат по оригинален домашен рецепт. Она што ги издвојува од останатите ајвари што може да се најдат на рафтовите во маркетите е дека производите се 100% природни и содржат внимателно избрани состојки, а во исто време се без додатоци на скроб и вештачки бои и ароми. Компанијата има 11-годишно искуство во производството и преработката на овошје и зеленчук што е доказ повеќе дека станува збор за висококвалитетни производи, кои се усовршувале низ годините.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com