Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМоже ли Германија да ја води сама Европа по Брегзит?

Може ли Германија да ја води сама Европа по Брегзит?

Независно дали одлуката Велика Британија да ја напушти Европската унија ќе се покаже катастрофална или само грпка на патот за остварување на обединета Европа, едно нешто од него веќе е сосема и вознемирувачки јасно: Брегзитот ќе ја бетонира улогата на Германија како лидер на континентот – улога во која ниту Германија, ниту кој било друг се чусвтвува доволно комфорно.

Ретко било толку осамено во центарот на Европа. Со напуштањето на Велика Британија, Германија губи важен партнер во ЕУ, како и во надворешната политика надвор од Унијата.

Тоа не значи дека Велика Британија беше лесен партнер во последниве години. Му се врти во глава на човек ако си замисли што се си мислела германската канцеларка Ангела Меркел, позната по претпазливоста и постепеноста во својата политика, откако британскиот премиер Дејвид Камерон на масата во залог го стави европското членство на неговата земја, во обид да ја искористи ЕУ. Меркел е убеден европеист, а Камерон ја нарече унијата „многу надуена, многу авторитарна и претерано се меша во се“.

Покрај тоа, ако го земеме предвид нативистичкиот притисок кој е во подем практично во секоја земја во Европа, Камерон поминуваше како доста добар партнер. Тој беше ревносен поддржувач на предводената од Берлин политика за строги економии за врене на финансиската криза и последната грчка криза. А кога лидерите на Германија, Франција и Италија го повикаа рускиот претседател Владимир Путин да престане да го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад, Камерон се вклучи со жар.

Освен тоа, Камерон на маса стави нешто многу повеќе од својата лична поддршка. Велика Британија располага со најголемиот воен буџет во Европа и е дипломатски корпус од светска класа, а да не зборуваме за економијата која можеби и не работи со полна пареа, но е многу динамична во споредба со останатите земји од континентот.

Излегувањето на Велика Британија е особено тежок удар за Германија, затоа што нејзините други партнери се слаби или се подистанцирани. Некогаш силните германско-полски односи се влошија по доаѓањето на власт во Полска во 2015 г. на националистичката партија Право и праведа, а Автсрија за малку не го избра за претседател крајнодесниот Хорберт Хофер.

Што се однеува до Франција, тука нештата се комплицирани.

На прв поглед, германско-француската оска функционираше како рбетен столб на Европската унија во изминатите неколку децении, и изгледаше посилна од било кога. Само неколку часа откако беше објавена победата на британската кампања за напуштање на ЕУ; германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг ја цитираше заедничката изјава на францускиот министер за надворешно работи Жан-Марк Еро и неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер за иднината на Европа. „Сега Европа има потреба од водство. Одговорноста на Германија и Франција е да го обезбедат тоа водство“, стоеше во заедничкиот документ.

Но, Франција е многу тежок партнер. Претседателот Франсоа Оланд нема доверба ниту меѓу сонародниците (само 13 проценти го поддржуваат според истражување на јавното мислење од јуни), ниту во својата Социјалистичка партија. Тој е подложен на огромен притисок од крајнодесниот Национален фронт, ко се надева дека ќе освои околу една третина од гласовите на претседателските избори догодина, како и од многуте француски синдикати кои се против лошите трудови реформи во англиско-германски стил на Оланд. Сето тоа, заедно со постојано слабата економија, го прави неспособен да обезбеди силно водство внатре во Европа и со тоа и надвор од неа.

Вистина е дека Брегзит не бара прекин на британско-германската соработка. Но Велика Британија е исправена пред долг период на политичко самоиспитување, додека се обидува да се справи со имплозијата во водечките политички партии, се повлијателната крајна десница и можноста за отцепување на Шкотска. Во блиска иднина, Германија ќе остане сама – улога која не само што не ја посакува, туку и на која во моментов енергично и се спортивставува.

Во текст за списанието Форин полиси, објавен околу две недели пред британскиот референдум, германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер негираше дека неговата земја пројавува каков било интерес за водечката позиција на континентот. „Ситуацијата ја принуди да заземе централна улога. Зачувувањето на единството и споделувањето на бремето од лидерството се главен приоритет за Германија“, напиша тој.

Проблемот е што основната причина за создавањето на Европската унија на прво место беше да се ограничи моќта на Германија ако се распредели раководната улога меѓу земјите членки. Но како што обично се случува кога иднината на унијата зависи (иако околу тоа може и да се спори) од новото наметнување на германска власт?

Непосредната реакција на Германија по референдумот за Брегзит беше да повика за поделена одлука со она што остана од старата банда. Во саботата по британското гласање, министерите за надворешни работи на земјите основачи на ЕУ (Белгија, Франција, Германија Луксембург и Холандија) се собраа во вилата Борзиг, бранденбуршката резиденција на германската влада. Во понеделникот Меркел ги собра на средба во Берлин претседателот на Европрскиот совет, Доналд Туск, италијанскиот премиер Матео Ренци и францускиот претседател Оланд.

Повеќезначноста на фактот што таа ги свика колегите на сопствен терен за да разговараат како да го споделат штотуку отфрленото бреме од Велика Бртианија, никого не остави рамнодушен. Водачот на полската партија Право и правда, Јарослав Качински, ја нарече идејата да се собере само „старата гарда“ на Унијата „недообмислена“, а на средбата на врвот на ЕУ минатата седмица поранешниот премиер на Луксембург, Ксавие Бетел, се пожали дека во Унијата се прават „клубчиња“.

И тука се појавува дилемата: Германија не може да се справи сама, а и не сака. Без силен партнер со кој ќе го подели водството таа има непријатен избор да ја остави власта во рацете на збир од ненадежни партнери или да создаде нов внатрешен круг. Никој не би сакал да и се даде на Правда и правда место на масата, но одбивањето само ќе го зајакне националистичкот нарцисизам во земји кои се веќе обележани како евроскептични, предизвикувајќи понатамошно расцепкување на континентот.

Тоа значи дека на Германија во краен случај може да и се наметне да го преземе водството. Задачата е деликатна, но откако сега Германија се најде во центарот на сцената, може да и се наложи и да ја игра таа улога.

Ана Зауербрај е уредник во рубрика за коментари во весникот Тагесшпигел и автор на коментари во весникот Њујорк тајмс.

Пренесено од Њујорк тајмс, Њујорк