Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеМостот „Гоце Делчев“ итно ќе се санира во следните осум месеци!

Мостот „Гоце Делчев“ итно ќе се санира во следните осум месеци!

Градежната фирма од Скопје „Синтек инженеринг“ осум месеци ќе го реконструира на мостот „Гоце Делчев“. Проблемите, односно штетите на надворешниот дел на мостот ургентно ќе се санираат, откако претходно биле утврдени од надлежни служби на Градежниот факултет. Од Град Скопје со месеци ја затскриваат причината за вонредната санација на мостот, иако тој беше подложен на темелен реконструктивен третман во далечната 2002ра година од страна на француската градежничка „Фресине“ компанија.

Градските служби ќе издвојат 10.599.037 денари, односно околу 170.000 евра како средства за реконструкција на проблематичните елементи. Санацијата на надворешниот дел од мостот ќе се спроведе врз основа на изготвената проектна документација од „ГЕИНГ Кребс унд кифер интернешнл и други ДОО“.
Инаку мостот „Гоце Делчев“ е дел од проектот „Скопје 2014“ со кој истиот беше накитен со нова ограда, канделабри и споменици тешки неколку тони.
Дали ваквото поставување на тешките „украси“ придонело до нарушената статика на мостот, односно придонела до потреба од итни санации на овој мост кој е симбол на Скопје, децении наназад.