Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМосква враќа со иста мера – не му издаде виза на новиот германски воен аташе

Москва враќа со иста мера – не му издаде виза на новиот германски воен аташе

Како што најави Путин, Русија за се ќе враќа со иста мера. Руското Министертсво за надворешни работи го одби барањето на германската Влада за издавање влезна виза на новиот воен аташе на Германија во Москва, бригадниот генерал Герт Гавелек. Ваквата одлука на Москва најверојатно претставува одговор на неодамнешното решение на Германија да не го прифати новиот воен претставник во руската Амбасда во Берлин.

Според весникот „Шпигел“, Москва не дала образложение за причините за одбивањето на барањето за виза за Гавалек, кој идната недела требаше да ја преземе функцијата воен аташе. Берлин, исто така, не се потруди детално да ја објасни таквата одлука.

Својата одлука Берлин ја обрзложи со тврдењето дека при рутинска конторла, агентите на германската разузнавачка Федерална служба за заштита на Уставот, констаирале „неприфатливи“ податоци во биографијата на новиот руски воен аташе. Германските власти не појаснија за какви „непрофатливи“ податоци станува збор.