Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМосква: САД и Сорос сакаат да ја префрлаат одговорноста за кризата во Македонија

Москва: САД и Сорос сакаат да ја префрлаат одговорноста за кризата во Македонија

Текстот објавен во британскиот весник „Гардијан“ и во македонските медиуми за случувањата во последниве години во Македонија и за наводното мешање на Руската Федерација претставува несмасен обид да се префрли одговорноста за појавата на длабоката криза во земјата, реагира руското Министерство за надворешни работи.

„Наводите дека Москва финансира македонските медиуми за да шири дезинформации во интерес на Русија доаѓаат од организација чии главен спонзор се владините структури на САД и Фондацијата Сорос. Тоа се оние кои отворено учествуваа и ги режираа настаните на македонската политичка сцена во обид да ја обвинат Русија, која од почеток се противеше на наметнувањето деструктивни шеми на Скопје од надвор“, стои во реакцијата.

Од руското МНР истакнуваат дека Центарот за истражување на организиран криминал и корупција намерно не пишува за неверојатниот притисок кој Западот го вршел за спроведување на големоалабанските интереси во Македонија.

„Во исто време, секако, Центарот за истражување на организиран криминал и корупција молчи за: неверојатниот притисок од Брисел и од Вашингтон врз легитимното раководство на Македонија да ги протурка решенијата кои не ги задоволуваат националните интереси на земјата, за одбивањето на Западот да ја осуди озлогласената „тиранска платформа“ која е манифестација на големоалбанската идеологија. Очигледно, најдобра ислустрација за надворешните влијанија е претседателот на Собранието кој во својот кабинет го има официјалното албанско знаме. Руското или српското знаме никој не го поставува“, стои во реакцијата на руското МНР.