HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМојс купува во Барселона?!

Мојс купува во Барселона?!

Барселона е подготвена да го пушти Алеиш Видал во Сандерленд доколку добие понуда од 16 милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми. Според овие извори, Дејвид Мојс смета дека овој десен бек би бил одлично засилување за неговиот клуб и би можел да го доведе уште на зима. За потсетување, Луис Енрике и дефинитвно го отпиша Каталонецот кој повеќе не сака да остане на Камп Ноу и е подготвен да замине уште во јануари.

Сепак, на Сандерленд нема да му биде лесно да го добие бидејќи интерес за него покажааи поголеми клубови како Милан, Интер и Наполи, кои се подготвени да платат два милиони помалку, но со позајмица до крајот на сезоната. Едно е сигурно дека Видал ќе си оди на зима, а тогаш тоа значи дека Барса ќе морада доведе нов десен бек.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com