Thursday, Apr 18, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеМоник, кокошката која го обиколи светот

Моник, кокошката која го обиколи светот

Гирек Суде го започнал своето патување околу светот пред две години, поточно во мај 2014 година, а со себе го земал и своето домашно милениче, кокошката Моник.

Уште од самиот почеток Суде сакал да има миленик на јахтата. Тој сепак, се откажал од вообичаените домашни миленичиња како што се куче и мачка. Кокошката му изгледала како најприфатлива опција, бидејќи нема потреба од многу грижи, а може да се збогати и менито со јајца.

Моник, една необична кокошка, всушност е светски патник. Нејзиниот живот е уникатен во однос на другите кокошки.

kokoshka2

„Таа ме следи насекаде и не создава никакви проблеми. Треба само да викнам „Моник” и се појавува, седнува во мене и ми прави друштво“ – вели тој.

На прашањето, како реагирале неговите пријатели и семејство кога ja  избрал Моник како придружник, Гирек вели:

„За нив беше смешно. Тие, и онака знаат дека не сум сосема нормален“.

Следна дестинација за овој морнарски дует е, преку Арктикот и Беринговиот теснец, да отплови во Ном, Алјаска.