Thursday, Apr 25, 2024
HomeСТУДЕНТУММОН со конкурс за 2.905 студентски стипендии за академската 2015/2016

МОН со конкурс за 2.905 студентски стипендии за академската 2015/2016

Стипендии по категории.

1.Првата категорија на стипендии се однесува за студенти од социјално загрозени семејства, односно семејства корисници на социјална парична помош или друг вид поддршка од државата, со што предност имаат децата на самохрани родители, децата без родители и студентите со посебни потреби. Нивниот износ е 3.300 денари за 9 месеци.

2.Втората категорија е за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од најмалку 8.50, а за студентите на општествените науки и уметностите најмалку просечен успех од 9,00. Се доделуваат 630 стипендии во висина од 4.400 денари.

3.Се доделуваат 125 стипендии во износ од 6.050 денари за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, најмалку просек 9.00, а се запишани на студиски програми по информатика.

4.Во последната категорија се доделуваат 650 стипендии во висина од 3.300 денари наменети за студенти запишани на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки кои постигнале просечен успех од најмалку 7.00.

Сите заинтересирани студенти можат електронски да аплицираат до 27 ноември годинава. Сите документи кои се наведени во Конкурсот, се доставуваат директно до Министерството за образование и наука до 15 декември. Резултатите ќе бидат објавени на 30 декември.