Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМОН обезбеди стипендирање и за редовните студенти Роми

МОН обезбеди стипендирање и за редовните студенти Роми

Од денеска редовните студенти Роми ќе можат да аплицираат за една од 30-те стипендии кои се доделуваат од страна на Министерството за образование и наука за акаедмската 2015/2016 година, запишани на додипломски студии од прв циклус, на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија.

Десет стипендии ќе се доделат за студенти од ромска националност, државјани на Македонија кои се запишани во прва година на студии, додека 20 стипендии се наменети за студенти од ромска националност кои се запишани во втора и повисоките години на студирање. Висината на стипендијата изнесува 5.000 денари месечно, а се доделува за девет месеци во текот на една година. Заинтересираните потребните документи можат да ги пронајдат на веб страната www.stipendii.mon.gov.mk а аплицирањето трае до 11.02.2016 година.