Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМомче од Скопје украло автомобил од паркингот кај Железничка

Момче од Скопје украло автомобил од паркингот кај Железничка

СВР-Скопје поднесе кривична пријава до Основното Јавно обвинителство против 21-годишниот А.Т. од Скопје за дело „тешка“ кражба. Од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Пријавениот на 24 август околу 00:25 часот на паркингот под Железничката станица во Скопје забележал паркирано патничко моторно возило „Лада Нива“ со велешки регистарски ознаки во сопственост на В.М. Насилно ја отворил возачката врата, успеал да го стартува автомобилот и веднаш побегнал. Тој го паркирал возилото во гаража во неговиот дом, каде ги извадил и уништил регистарските ознаки. Потоа ги извадил гумите, бандажите како и предните трепкачи, а дел од нив и продал.

Така преправеното возило го користел за сопственик потреби, поточно превезувал дрва од блиската планина до неговиот дом.