Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМомче ја пронашло својата изчезната мајка благодарение на „Youtube“!

Момче ја пронашло својата изчезната мајка благодарение на „Youtube“!

Видео-снимка на „Youtube“ му помогнало на момче во Соединетите Американски Држави да ја пронајде својата мајка која изчезнала уште во ноември минатата година. Приказната започнала да се развива откако Брук Робертс, кој е познат по друштвените експерименти и шеги кои ги објавува на „Youtube“, објавил видео снимка на која им дели храна на бездомниците во Лос Анџелес.

На видео-снимката се гледа како Робертс и дава сендвич на жена која пуши цигара и читала магазин додека седела на улицата Скид Роу. Од љубопитност оваа снимка ја погледнало и десетгодишно момче Еван Олсен кој живеел во Флорида и токму на оваа видео-снимка ја препознал мајка си.

Станува збор за Џејми Гарлингхаус која изчезнала во ноември минатата година и за која нејзиното семејство не знаело дали таа воопшто е жива. Од порано било познато дека Џејми имала и проблеми со зависноста. Седум дена по објавувањето на видео-снимката Робертс добил мејл од таткото на ова момче во кое му објаснил дека жената која се наоѓа на тоа видео е мајка на неговиот син.

„Не можам да поверувам дека си ја пронашол, ти си чудо, бог те испрати!“, напишал таткото во мејлот. Таткото на ова Момче објаснил дека неговиот син откако ја изгледал видо-снимката плакал повеќе од еден час, бидејќи тие не верувале дека таа се уште е жива.

Nestala Dzejmi