Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМомче почина на плажа во Градиште

Момче почина на плажа во Градиште

Момче од Гостивар на 18 годишна возраст вчера по добиен напад починало на плажата Градиште кај автокампот во Охрид. Тој почнал да се грчи откако му се слошило ноќта околу 20 часот, а интервенцијата на Итната помош не дала никакви резултати. Наредено е да се изврши обдукција врз телото за да се утврди причината за смртта. Според полицијата на телото на момчето немало никакви траги на насилство.