Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометМојсовски ја заврши својата ракометарска кариера со солзи: Памтете ме по добро

Мојсовски ја заврши својата ракометарска кариера со солзи: Памтете ме по добро

Нашиот Мојсо го одигра последниот меч во дресот на Македонската репрезентација. Во идина нема да го гледаме во црвено жолтиот тим, дресот со број 18 изгледа ќе го земе некој друг. Со солзи во очите и болка во друшата и срцето се поздрави со своите колеги – ракометари кои повеќе години играа заедно, се караа, се дружеа, градеа кариера итн. После колегите отиде кај „Фалангата“ да им се заблагодари на досегашната подршка, особено за вчерашниот натпревар против Чиле.

Наумче не издржа и неможеше да ги задржи солзите во себе. Секогаш ја оставаше душата на терен, а сега тоа го направи и со сопственото срце, овие фотографии се доказ за вчерашниот настан кој трогна многу луѓе, особено обожавателите на машкиот ракомет.

„Премногу ми е тешко, секако… Со Кире Лазаров почнавме во оваа репрезентација уште од наши 16 години. Почнавме со баражи, направивме големи успеси. Се движевме нагоре, заедно растевме, мислев дека во август ќе биде простувањето. Но, се случија непосакувани резултати, Тунис не врати назад. Мислам дека ова беше последен меч. Ќе дојдам во јуни, да им дадам поддршка на момците во баражот за СП, да се простам со публиката. Би сакал навивачите да ги паметат добрите резултати, успесите…Светот останува на помладите, спортот исто така, ќе се радуваме понатаму на нивните успеси“, трогателно се изјасни Наумче Мојсовски.

Фото: gol.mk