Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМојс поднесе оставка!

Мојс поднесе оставка!

Дејвид Мојс си поднесе оставка од Сандерленд, откако клубот испадна од Премиер лигата.

Шкотланѓанинот така стави крај на една тешка сезона за “Црните Мачки“, кои завршија како последни со освоени 24 поени. Победија на само 6 натпревари од вкупно 38 кола, со ист број на нерешени натпревари.

Во официјалното соопштение на клубот му се заблагодаруваат на Мојс на досегашната работа и му посакуваат среќа во неговата кариера, а исто така известија дека нема да брзаат со азначувањето на новиот менаџер, кој ќе има за задача експресно да го врати клубот во Премиер лигата.