Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопје,,Моја скопска" и "Скопска,,-нови електронски картички

,,Моја скопска" и "Скопска,,-нови електронски картички

Градот Скопје го промовираше Проектот за воведување Систем за автоматска локација на возила и Систем за електронска наплата во автобусите на јавниот градски превоз. Се воведуваат два вида картички-“моја скопска” персонализирана (со фотографија и лични податоци) и “скопска” неперсонализирана картичка, пренесува Вечер.

Пробниот период почнува од први август а ќе важи до крајот на годинава, до кога ќе се користат и старите билети, а од први јануари ќе се воведе комплетна електронска наплата со која ќе бидат опфатени и приватните автобуси.

Со овој начин се овозможува наплата на билет со картички и со мобилен телефон.

-Се очекува новиот систем да помогне за решавање на проблемите во јавниот превоз со наплатата, контролата на движењето на автобусите и запазувањето на возниот ред, а предност за патниците ќе биде воведувањето еден билет кој ќе важи и во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие и кај приватните превозници, истакна на промоцијата на проектот градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. Картичката при влез во автобусот е обавезно да се валидира (да се откуца) заради евиденција дали картичката е валидна или е истечена, оштетена, без доволно средства