Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМогерини во декември организира вечера за Заев и за премиерите од Западен Балкан

Могерини во декември организира вечера за Заев и за премиерите од Западен Балкан

Високата претставничка на Европската Унија, Федерика Могерини, планира пред крајот на годинава да организира состанок со премиерите од Западен Балкан.

Состанокот ќе се одржи во Брисел, во форма на работна вечера, и најверојатно ќе биде на 18 декември.

Сепак, засега не е прецизно утврден датумот, бидејќи се чека потврда од сите премиери.

На неформалната работна вечера, како што потврдија за „Мета“ од македонската Влада, ќе присуствува и премиерот Зоран Заев.

Претходниот состанок на премиерите на шесте земји од Западен Балкан во Брисел беше одржан на 24 мај годинава, исто така на иницијатива на Могерини. Тогаш Заев беше повикан како „определен премиер“ на Македонија.