Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМогерини: САД го губи лидерството – ЕУ го презема

Могерини: САД го губи лидерството – ЕУ го презема

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини ја критикуваше „непредвидливата” надворешна политика на претседателот на САД, Доналд Трамп и рече дека ЕУ стана најважниот меѓународен партнер на Русија, Индија и Кина. Одговарајќи на прашањето дали „непредвидливоста” на Трамп му дала предност во однос на Северна Кореја,таа рече дека понекогаш треба да се „игра” непредвидливост.

„Понекогаш можете да играте предвидливост и непредвидливост што може да биде изненадувачко, но понекогаш се уплашувате. Понекогаш е и премногу доцна тоа да се поправи. Европа нема да игра на тој начин“, рече Могерини. Зборувајќи за американското бомбардирање на сириските воздухопловни бази во март, како и за трупањето на американските сили во близина на брегот на Северна Кореја, таа порача дека ЕУ бара пофлексибилен приод.

„Една работа што е прифатлива за ЕУ не секогаш е прифатлива за нашите партнери во НАТО или во САД. Ние совршено знаеме дека нема закана за безбедноста во светот што може да се реши само со воен пристап“, рече Могерини. Според неа, за време на неодамнешната посета на Пекинг, Њу Делхи и Москва била изненадена што сите три земји сакале „силна ЕУ” и поблиски односи со неа, не само околу економската и трговската размена, туку и околу безбедноста, хуманитарната и надворешна политика, како и во однос на климатските промени.

„Луѓето сакаат да работат со ЕУ не затоа што сне сакаат, туку поради геополитичките динамики,поради предвидливоста, сигурноста”, рече Могерини и додаде дека Европа може да го окупира простор испразнет од Вашингтон, кој почна „трнливи односи“ со Брисел околу трговските, финансиските и прашањата со миграцијата. Според неа, тоа е можност за Европејците и ЕУ да се постават како партнер на сите соговорници во светот и да се справат со сите главни прашања каде што Вашингтон го губи лидерство.