Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМогерини и Хан му честитаа на Заев и порачаа да се работи на реформската агенда

Могерини и Хан му честитаа на Заев и порачаа да се работи на реформската агенда

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, утринава со заедничко соопштение го честитаа изборот на новата влада на Република Македонија.

„Го поздравуваме гласањето за новата влада предводена од премиерот Зоран Заев. Европската унија е подготвена да ја поддржи работата што новата влада, но и опозицијата, ќе ја прават за конструктивно да се имплементираат сите делови од Договорот од Пржино и реформски приоритети“, стои во соопштението.

Могерини и Хан ги повикаа парламентарните партии да ги стават на страна поделбите и да се посветат на изготвувањето и спроведувањето на заедничка реформска агенда која ќе биде од корист на земјата во целост.

„Ова е, исто така, од суштинско значење за да се врати земјата на својот пат кон европската интеграција, процес кој граѓаните јасно го сакаат и го заслужуваат“ – се вели во соопштението.