Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМогерини-Хан: Договорот со Бугарија ги зацврстува ЕУ-перспективите на Македонија

Могерини-Хан: Договорот со Бугарија ги зацврстува ЕУ-перспективите на Македонија

Европската унија го поздравува потпишувањето на билатералниот Договор за пријателство, доборососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, стои во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и добрососедство, Јоханес Хан.

Могерини и Хан истакнуваат дека со договорот треба да биде пример за земјите од регионот за тоа како се решаваат билатералните спорови.

„Договорот ја демонстрира посветеноста на двете страни да се надминат билатералните спорови и претставува инспирација за целиот регион. Тоа е позитивен чекор напред кон добрососедски односи и ја зајакнува ЕУ-перспективата на поранешна југословенска Република Македонија, во интерес на граѓаните“, велат Могрини и Хан во писмената изјава.