Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноМодна блогерка ги повика мајките да не се срамат од своите тела на плажите

Модна блогерка ги повика мајките да не се срамат од своите тела на плажите

Мајката, блогерка Џесика Н. Тарнер не се срами од своето тело. По две бремености и природни породувања, нормално е и таа да има одредени несигурности во врска со своето тело. Сепак, таа не дозволува тоа да и застане на патот во нејзиното уживање за време на летото.

“Секое лето имате избор – да облечте костим за капење или да го прескокнете тој дел. Имам пријателки кои ги избираат ова второто”, пишува Џесика и го опишува однесувањето на своите пријателки. Тие, всушност, кога ќе ги однесат своите деца на базен, седнуваат покрај него со стапалата во вода и цело време размислуваат како околината би реагирала на нивните тела доколку тие облеклу костим за капање и уживаат во играњето со своите деца.

“Тоа ме прави неверојатно тажна”, признава Тарнер. “Кога жените поради својата несигурност стојат на страна, им демонстрираат на своите деца едно нездраво однесување и многу пропуштаат.”

Покрај тоа, Џесика нагласува нешто очигледно и јасно, за кое се чини, дека најголемиот дел од мајките одамна го заборавиле:

Вашиот костим за капање не ве дефинира!

Вашиот мек стомак е таков бидејќи во него се формирал еден нов живот, потсетува Џесика.

“Вие сте мајка. Вие сте убава.”, препорачува. “Ова лето не го носете превезот на срамот. Облечете костим за капење.”

Во случај сеуште да не сте сигурни дека треба да ја послушате, Џесика кажала и поради што таа размислува на овој начин.

“Се разбира, одбивам да ја пропуштам гласната смеа на моите деца само поради мојата несигурност. Одбивам да допуштам прекорните погледи на другите жени да ме спречат да ги видам очите на своите деца во сончевиот сјај кој се одразува во водата. Одбивам да дозволам мојата слика за самата себе да влијае на моите деца. Одбивам да ги жртвувам спомените со моите деца поради својот мек стомак”, пишуваа оваа мајка. “Бидејќи на крајот од денот – не сум важна само јас. Важни се моите деца.

Извор: bebeboom.mk