Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМобилниот шалтер на УЈП оди меѓу граѓаните

Мобилниот шалтер на УЈП оди меѓу граѓаните

Управата за јавни приходи која е во фаза на прием на повеќе видови на задолжителни даночни пријави за физички и правни лица ги засилува своите активности за да се запазат сите законски рокови и граѓаните да се информираат за нивните обврски. ujp 1Затоа од УЈП повикуваат да се искористи можноста за користење на даночните услуги на „Мобилните даночни шалтери“. Со трите специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизниси.

Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и сл., како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи. Целиот распоред на мобилните шалтери може да го погледнете на официјалната страна на УЈП за месец март.