HomeДЕНЕШНАПолитикаМНР реагира за плочата која ја скрши Миленко, нелегално била поставена од бугарски војници

МНР реагира за плочата која ја скрши Миленко, нелегално била поставена од бугарски војници

МНР излезе со свое соопштение откако Миленко Неделковски искрши спомен плоча на бугарски војници на Кајмачкалан и предизвика конфликт со Бугарија. Од бугарското МНР му изрекоа забрана за влез во Бугарија.

milenko

МНР соопшти: – Чествувањето на жртви од воените конфликти во нашиот регион е дел од културата на помирување и пред се претставува хуман гест. Според информациите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија плочата на Кајмакчалан е незаконски поставена. Очекуваме од нашите пријатели од Република Бугарија да ги почитуваат меѓународно прифатените процедури за поставување спомен обележја. Воедно, очекуваме институциите да ги обесхрабрат сите актери кои нелегално поставуваат обележја на територија на друга држава, а кои потоа можат да бидат цел на акти на насилство или да предизвикаат негативни чувства кај граѓаните.

– Важно е да напоменеме дека Република Македонија негува добри односи со сите свои соседи. Република Бугарија е наш сосед и пријателска држава со која имаме суштинска соработка во многу области. Оттука, и понатаму ќе продолжиме да работиме во насока на изнаоѓање на модалитети за поголема соработка и надминување на разликите преку стандардизиран и реципрочен пристап во одбележувањето на настани и личности. Ова е и многу поважно во услови кога истите може различно да бидат интерпретирани во различни земји од регионот. Во нашиот пристап треба да ги промовираме успешните модели на помирување и чествување кои постојат во Европа, наспроти еднострани поставувања на одбележја или чествувања во соседна земја.

– Конечно, конфликтите и жртвите од минатото на било која страна треба да бидат мотив повеќе за засилена идна соработка во регионот како и заеднички напори за целосна интеграција на регионот во ЕУ, која е најуспешниот мировен проект во Европа, се вели во соопштението на МВР.

На социјалните мрежи не стивнуваат коментарите за постапката на Миленко, некои ја нарекуваат херојска, други пак срамна и нецивилизирана.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com