Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМНР нема информации за настрадани македонски државјани во Истанбул

МНР нема информации за настрадани македонски државјани во Истанбул

Македонското Министерство за надворешни работи се уште нема информации дали меѓу жртвите и повредените во терористичките напади на аеродромот во Истанбул има македонски државјани, што се случија вчеравчер.

Потенцираат дека се во постојана комуникација со Македонската амбасада во Анкара и со Конзулатот во Истанбул, а редовна комуникација имаат и со турските власти.

Инаку, авионот што синоќа полета од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ бил пренасочен и слетал на аеродромот во Измир.

Денешниот претпладневен лет од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ е предвидено да се реализира со задоцнување, додека вечерниот лет е откажан.