Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМНР чека потврда, па ќе одлучува што ќе прави со почесниот конзул во Шпанија

МНР чека потврда, па ќе одлучува што ќе прави со почесниот конзул во Шпанија

Македонското МНР се уште чека официјална потврда за апсењето на почесниот конзул на Македонија во Шпанија Марио Деус пред да одлучи кои ќе бидат следните чекори, пишува „Мета“.

„Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку Амбасадата во Мадрид побара верификација на информациите објавени во шпанските медиуми за наводно апсење на Почесниот конзул на РМ во Барселона, Марио Деус, обвинет за убиство на двете малолетни деца, од Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи на Кралството Шпанија. По добивање на соодветни информации, ќе бидат разгледани опциите за одземање, односно задржување на неговиот статус Почесен конзул на Република Македонија во Кралството Шпанија“, велат од МНР.
Шпанскиот весник „Ел Паис“ јави дека Деус викендов е уапсен во јужноафриканскиот главен град Кејп Таун под сомнее дека си ги убил своите тригодишни близнаци. Според податоците на јужноафриканската полиција, мајката на децата го пронашла нивните безживотни тела.

„Кога таа пристигнала во вилата во близина на Кејп Таун, тој со своето возило веднаш побегнал. Набрзо е уапсен во предградие во главниот град – соопшти портпарол на локалната полиција, додавајќи дека се уште се истражуваат околностите на убиството на тригодишните близнаци и оти не се знае причината за смртта на децата.

Деус наскоро треба да се појави пред судот, каде се соочува со две обвиненија за убиство и едно обвинение за кражба на возило со кое бил во бегство.