Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМнозински систем е предлогот на ВМРО ДПМНЕ

Мнозински систем е предлогот на ВМРО ДПМНЕ

Доколку има промени на изборниот модел, тогаш ВМРО ДПМНЕ ќе се заложи за враќање на мнозинскиот изборен систем во кој победникот зема се, односно победникот на парламентарните избори автоматски добива мнозинство во Собранието, а останатите места се распоредуваат пропорционално. Лидерот Груевски го оправда овој систем со истакнување на личноста на пратеникот кој ќе се најде на изборната листа.

Од опозицијата пак, предложуваат Македонија да биде една изборна единица, каде би влегле и гласови на дијаспората, па со изборен количник ќе се добива место во Собранието. Преговорите меѓу политичките партии продолжуваат и се уште не е донесено конечно решение дали ќе има измена на изборниот систем.