HomeДЕНЕШНАПолитикаММФ предложи – Миновски одби: Нема да се зголеми старосната граница за пензија

ММФ предложи – Миновски одби: Нема да се зголеми старосната граница за пензија

kiril manevski

Старосната граница на работниците за заминување во пензија нема да се зголеми, туку ќе си остане на сегашните граници, потврди денеска министерот за финансии Кирил Миновски. Одговарајќи на новинарско прашање, Миновски рече дека старосната граница за пензија останува на истото ниво, додавајќи дека не се размислува и ниту за промена на процентот на социјалните придонеси. Според законските прописи во Република Македонија, во пензија се оди на 64 години за мажи и 62 години за жени.

Ова доаѓа по неодамнешниот извештај на ММФ во кој беше посочено дека обезбедувањето одржливост на пензискиот систем е важна среднорочна цел. Од ММФ препорачаа Владата да се разгледа опцијата да ја зголеми старосната граница за пензионирање и да се имплементираат политики за зголемување на активната работна сила и зголемување на придонесите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com