Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаММФ: Македонија ќе оствари релативно добар економски раст

ММФ: Македонија ќе оствари релативно добар економски раст

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска во Брисел ги претстави есенските прогнози за економскиот раст на европските земји, при што за Република Македонија предвидува раст од дури 3,2 проценти на Бруто-домашниот производ (БДП) за годинава и за 2016 година, откако земјaта остварила раст од 3,8 отсто на БДП во текот на 2014 година.

Според кажувањата на дописникот на МИА од Брисел, високиот претставник за комуникациски односи на ММФ, Виктор Кжижановски, посочил дека „македонската економија расте доволно добро”.

При денешното претставување на економските состојби во Европа, Кжижовски напомена дека ММФ нема програма со Македонија во моментов, но дека „земјата се набљудува” и дека двапати годишно ММФ остварува контакти за разговори на тема економската состојба со македонските власти.

– За Македонија, растот за 2014 година е 3,8 проценти, а за годинава и за следната е 3,2 проценти на БДП. Тоа е релативно пониско од она што го предвидовме пред шест месеци, со оглед на тоа што ММФ дава вакви прогнози двапати годишно. Оваа прогноза е послаба за половина процент, но сепак се работи за солиднен раст. Причината зошто ја намаливме прогнозата за Македонија е што растот е воден од извозот и од директните странски инвестиции, што сега е помалку силно од пред шест месеци, појаснува Кжижовски во изјавата.

Високиот претставник за комуникациски односи на Меѓународниот фонд, сепак, посочи дека македонската економија расте над три проценти, што е случај и со неколку други позитивни примери од регионот.

– Македонија, како и другите економиии во регионот, расте доволно добро. Иако во моментов немаме програма со Македонија, посветеноста на ММФ со Македонија останува на ниво набљудување, како што е случај и со Германија и Франција, како и двапати годишно да дискутираме за економските политики со земјата, додаде Виктор Кжижовски.

Инаку, ММФ двапати годишно објавува вакви економски прогнози за европските економии, еднаш наесен и еднаш напролет (во април и во октомври), како и плус две предвидувања за економиите на земјите од Г-20.