Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМлаз Богданци отиде во стечај

Млаз Богданци отиде во стечај

Автотранспортно претпријатие „Млаз“ од Богданци, кое некогаш беше едно од водечките не само во „Македонија“ туку и пошироко, отиде во Стечај-пренесе ДУМА. По барање на доверителот АД за осигурување „Македонија“ Основниот суд во Велес донесе решение за отварање на стечајна постапка на должникот АД „Млаз“ од Богданци. Претходно во велешкиот суд се водеше предстечајна постапка.

По извештајот на времениот стечаен управник Судот констатираше дека должникот не ги подмирил побарувањата па поради тоа е отворен стечај. Назначен е стачаен управник кој во најкраток рок треба да изготви извештај за моменталната состојба на компанијата, а закажа и рочиште за 25 март годинава на кое ќе бидат разгледани и утврдени сите побарувања на доверителите. Во образложението се вели дека во рок од 15 дена сите доверители треба до стечајниот управник да ги достават своите побарувања од „Млаз“.

Покрај осигурителната компанија „Македонија“, која побарува осум милиони денари, најголеми побарувања од „Млаз“, имаат државата, вработените и дваесетина поголеми компании од Македонија. Инаку во претпријатието некогаш работеа повеќе од 300 работници кои располагаа со над 250 возила- цистерни за превоз на бензин, нафта, плин, како и камиони и автобуси.