Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМладо момче загина, едно лице се бори за живот во кичевско Бачиште

Младо момче загина, едно лице се бори за живот во кичевско Бачиште

Едно лице загина, а уште едно се бори за живот во свлечиште предизвикано од градежни работи на пат во Кичево. Според информациите на Press24 денеска околу 11:15 часот во близина на селото Бачиште жртвата била удрена од багер, а покрај него, багерот удрил уште едно лице.

Тие итно биле префрлени во Медицинскиот центар во Кичево, каде едниот им подлегнал на повредите. Второто лице се наоѓа во критична состојба и лекарите се уште се борат за неговиот живот. Како што објавува порталот, се работи за 24 годишно момче (Башким Д.) од тетовско Челопек.