Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМладо момче избодено со нож на автобуска постојка во Скопје

Младо момче избодено со нож на автобуска постојка во Скопје

Избодено 19 годишно момче на автобуската постојка кај комплекс „Треска“. Инцидентот се случил околу 21.00 часот, откако повреденото момче со уште двајца пријатели се симнале од автобус, а од истиот се симнале уште четири лица кои без повод и причина ги нападнале младите момчиња.

Момчето завршило со две убодни рани од остар предмет во градниот кош и во слабината. Со возило на Итната помош бил пренесен во Ургентен центар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди (пробиена белодробна марамица). Истиот не е во животна опасност. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.