HomeДЕНЕШНАПолитикаМладите се искористуваат за ПР реклама во предизборието

Младите се искористуваат за ПР реклама во предизборието

mladi-pr-reklami

Кава е социоекономската состојба, постои ли консултација помеѓу младите и политичките партии при процесот на креирање на младински политики? Дали младите ги користат своите права, особено она најзначајното, правото на глас? Кој одлучува за нивната иднина? Како да се прекине практиката на злоупотреба на младите, се само дел од прашањата кои беа дискутирани за време на конференцијата „Твојот глас – твоја иднина“, која што се одржа во просториите на ЕУ Инфо центарот – Скопје.

Портпаролот на Либерално демократската партија, Филип Јаневиќ изјави деа младите се користат како средство за ПР реклама и дека во последните десет години политичките партии направија од младите маргинализирана група која е ставено во декоративна форма за време на политичките кампањи.

„Во секоја политичка програма ќе го најдете делот со младите. Е сега во делот на политичката кампања ќе чуете многу силни зборови каде младите се стават на пиедесталот дека токму тие се иднината, дека од нив зависи државата. Меѓутоа факт е дека во добар дел од изминатите десет години успеаа од младите да направата маргинализирана група. Тоа значи дека младите се користат како декор, како средство за да се покаже дека постои и има учество на младите. Но дополнителен факт е дека младите многу малку учествуваат во вистинско креирање на политики и останува поразителен фактот дека во Македонија имаме иселување годишно околу 25 илјади луѓе, каде најголем дел од таа бројка се токму младите. Тоа е политика на клиентелизам каде ги врзуваат младите луѓе во учество во процес на „климање со глава“ односно статисти, како и тоа дека младите се средство за една убава ПР реклама, но во суштина нема младинско учество“ – вели Филип Јаневиќ, порпарол на Либерално демократската партија.
mladi-pr-reklami1
Претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Дамјан Николовски истакна дека постои проактивност кај подмладоците на политичките партии во процесот на креирање на младински политики, но вели дека сепак вредностите кои што се промовираат не поттикнуваат младинско учество воопшто.

„Декорација или можеби само чекор понатаму каде што се стигнува до токенизам, до некаде консултации повремени, меѓутоа ниту првото ниту консултацијата не е најдобриот механизам.Треба да работиме на овозможување на услови за младите да се вклучат, а не да ги викнеме и да бидат на маса со нас. Начинот и целата атмосфера на кој што се прави тоа сега, воопшто не ги поттикнува младите да учествуваат. Вредностите кои се промовираат во ова наше општество не поттикнува младинско учество воопшто, така што мораме да работиме најнапред за промена на тие вредности, да ги зајакниме демократските вредности на луѓето кои што сме ги поставиле во нашите институции, за кои ние граѓаните ги плаќаме и после тоа да може да разговараме за младинско учество и промените кон подобро“ – вели Дамјан Николовски, претседател на НМСМ.

Марија Николовска од Институт за економски стратегии и меѓународни односи, зборуваше отворено за проблематиките со кои се соочува младиот човек во Македонија, како и за препреките на кои наидува по завршувањето на образовниот процес, односно за социоекономскиот статсу на младите во Македонија.

„Младите во Македонија се соочуваат со многу предизвици, посебно тука е она што по образованието, како да се вработиме, тоа се во принцип најголемите грижи на младите луѓе. Затоа тука, Македонија мора и треба да работи во насока на зголемување на можностите на младите, особено на проблематиката со вработувањето, бидејќи огромен процент од младите го завршуваат високото образование и тоа е за поздрав, но сепак недостигаат можности за истите тие, да започнат сопствени бизниси за да може да имаат помирен и поубав живот, како и подобра иднина“ – посочи Марија Андреевска, Институт за економски стратегии и меѓународни односи, Охрид.
mladi-pr-reklami-2
Луми Бекири обвини дека најголеми виновници за ситуацијата во која западна целото општество како и младите се политичките партии, како што вели тој политичките партии го заробија младинското учество и граѓанството.

„Политичките партии како да го киднапираа политичкото од граѓанството, особено од младите кои се чувствуваат апатични кон тоа. Тука најмногу би помогнало дискурсот кој што се користи од страна на политичките подмладоци или претставници, во дискурсот да се допре до обичниот млад човек со тоа што ќе се земе контекстот во кој што живееме, а да не биде тоа во популистичка насока. Додека младинското учество во процесот на креирање на младински политики го нема, не постои“ – изјави Љуми Бекири од Ние одлучуваме.

На конференција меѓу другото се говереше и за изнаоѓање на механизми за потикнување на учеството на младите во процесот на креирање на младински политики и за тоа како младите да се вклучат во процесот на керирање и донесување на одлуки во општеството. Беше промовирано и видео материјал каде се појавуваат младите со различни пораки за подигање на свесноста за нивните проблеми и повик до политичките партии и подмладоци за нивно активно вклучување во процесот на креирање на младински политики.

Сунаи Сабриоски

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com