Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометМладите ракометарки испратени на ЕП во Шпанија

Младите ракометарки испратени на ЕП во Шпанија

Младите надежи на македонскиот женски ракомет до 19 години беа исратени во Шпанија каде ќе учествуваат на Европското првенство кое ќе се одржи од 23 јули до 2 август во Валенсија. Ракометарките се најдоа во групата Б, каде ќе се судрат со репрезентациите на Литванија, Германија и Русија, а натпреварите се играат во четврток, петок и недела со надеж дека ќе се пласираат во следната рунда.

Младите ракометарки имаа средба со Живко Мукаетов, претседателот на РФМ кој најпрво им честиташе за самиот успех со пласманот на првенството и им посака многу среќа.

Од стручниот табот Симе Симовски како главен тренер истакна дека подготовките поминале во најдобар ред и дека имаат голема надеж во овие млади ракометарки кои се иднината на македонскиот ракомет.