Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМладите на ДР-ДПА на симболичен начин потсетија на инцидентите во Собранието

Младите на ДР-ДПА на симболичен начин потсетија на инцидентите во Собранието

Стоп на насилството – стоп на омразата“ е мотото на денешниот настан што младите на ДР-ДПА го организираа на градскиот плоштад во Тетово, јавува „Мета“.

Тие беа облечени со кратки маички со ликот на Зијадин Села и во воздух пуштија 27 балони, за, како што рекоа, на симбличен начин да потсетат на крвавите настани што се случија во Собранието на 27 април.

– Тука сме за да побараме одговорност и да апелираме до надлежните органи, во најкраток можен рок да преземат конкретни чекори и мерки за пронаоѓање и за казнување на сите лица што се вклучени во овој срамен чин, а каков што се нема случено во историјата на политиката на Европа – рече Ардонит Исмаили од младите на ДР- ДПА.

Тие истакнаа дека денешниот настан, исто така, има цел да испрати порака дека правдата, мирот и интеграцијата се европски модели што ќе ја осветлуваат политичката иднина на државата.